Можете ли да го замислите Кристијано Роналдо во дресот на Барселона? Она што сега се чини незамисливо, замалку ќе се случело, ако може да му се верува на шпанскиот новинар Гилјем Балаг, авторот на најновата биографија на славниот португалски фудбалер.
Балаг за шпанските медиуми изјави дека знае дека Роналдо бил на чекор од Барселона уште од времето кога играл во Манчестер Јунајтед.
– Алекс Фергусон со сите сили се обидуваше да го насочи кон „Камп Ноу“, приказната одеше во таа насока, но знаеме на крајот што се случи – открива Балаг, кој со Роналдо долго време беше исклучително близок и знае за него голем број интимни информации кои досега не биле достапни за јавноста.
– Иaко околу него има постојано голем број луѓе, Роналдо во суштина е многу осамен. Иако не сме повеќе во добри односи, жал ми е поради тоа, дури и на некој начин го жалам, бидејќи не е лесно да се живее така. Осаменоста на приватен план ја компензира со целосната посветеност кон работата. Главната преокупација му е да создаде бизнис империја, со која во полн ангажман ќе се занимава еден ден кога ќе ја заврши играчката кариера – додава тој.
Балаг објасни како прекина нивното пријателство.
– Кристијано ми рече дека сака заедно да напишеме биографија, но меѓу нас настана кавга кога открив дека Меси го нарече „motherfucker“ – вели тој.
Роналдо тогаш новинарот го прогласи за предавник и од тогаш повеќе не се во добри односи. балаг објаснува како односот помеѓу Роналдо и Меси се менувал со минувањето на годините.
– Роналдо во почетокот на Меси гледаше како на непријател. Како што созреваа нивниот однос се менуваше. Стана родители, постари, помудри, луѓето едноставно со годините се менуваат и поинаку размислуваат. Сега меѓусебно се почитуваат, Роналдо во некои ситуации дури знаеше да му биде и преводител на Меси. Не сме повеќе во добри односи, но и понатаму го ценам Роналдо – заклучи Балаг во разговорот за шпанските медиуми.
Барселона била во игра и пред Роналдо да пристигне во Манчестер Јунајтед. Португалецот тоа го откри во разговор за португалски „О Жого“.
– Додека играв за Спортинг, ме следеа Арсенал, Валенсија и Барселона. Тие беа најзаинтересирани, но по еден пријателски натпревар во целата приказна влезе Манчестер Јунајтед. Не можев да верувам кога Алекс Фергусон ми се јави и ми понуди да дојдам на „Олд Трафорд“. Тоа за мене беше огромно изненадување, бидејќи Манчестер Јунајтед го немаше во претходните комбинации – ијзави Роналдо.
Роналдо ја откри и тајната на својот успех, што кореспондира со наводите на Балаг.
– Талентот не е доволен. Отсекогаш сум бил 100% посветен на фудбалот и постојано се обидувам да напредувам. Ако немате голема волја и желба, тешко е да успеете. Тоа всушност е круцијално – заклучи Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.