Без струја утре ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Петровец, Кисела Вода, Шуто Оризари и Карпош, информираат од РЦУК на Град Скопје.
Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат делови од с. Шишево и с. Семениште во општина Сарај, од 8:30 до 16:00 часот корисниците од ул. бр. 1 во с. Огњанци во општина Петровец, а од 9:00 до 12:30 часот корисниците од ул. „Ефтим Спространов“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Индира Ганди од бр. 90 до бр. 140 во општина Шуто Оризари, а од 12 до 15 часот и корисниците од дел од ул. „Њуделхијска“ и ул. „Бахар Моис“ во општина Карпош.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што велат од РЦУК на Град Скопје, е поради технички зафати во електро-мрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.