| четврток, 6 декември 2018 |

Говорот на Доналд Трамп што го исплаши корумпираниот политички естаблишмент во САД

donald tramp

Во предвечерието на изборниот ден во САД, Доналд Трамп го одржа можеби најсилниот говор во текот на целата кампања, во кој многу прецизно им ја опиша важноста на овие избори на граѓаните и во исто време упати порака дека ќе го искорени корумпираниот политички естаблишмент. Неговите зборови особено ги исплашија центрите на моќ кои се одговорни за ограбувањето на работничката класа во САД. Во продолжение прочитајте го целиот говор на Трамп:

„Нашето движење се залага за замена на неуспешниот и корумпиран политички естаблишмент со влада конторлирана од вас, американскиот народ. Естаблишментот од Вашингтон и финансиските и медиумските корпорации што го финансираат постојат само за една причина, за своја заштита и богатење. Естаблишментот има трилиони долари во игра во овие избори. Тие се партнери со луѓето што ги контолираат лостовите на моќта во Вашингтон и имаат посебни глобални интереси, но не мислат на вас. Нашата кампања претставува вистинска егзистенцијална закана за нив со каква што не се соочиле досега. Ова не се само уште едни четиригодишни избори. Ова е раскрсница во историјата на нашата цивилизација, која ќе одреди дали ние, народот бараме враќање на контролата врз нашата влада. Политичкиот естаблишмент кој се обидува да нè запре е истата група одговорна за нашите катастрофални трговски договори, масивна нелегална имиграција и економска и надворешна политика којашто ја исцеди нашата земја. Политичкиот естаблишмент e одговорен за уништувањето на нашите фабрики и нашите работни места коишто бегаат во Мексико, Кина и други земји низ светот.  Тоа е глобална структура на моќ којашто е одговорна за економските одлуки што ја ограбија нашата работничка класа, го зедоа богатството на нашата земја и го ставија во џебовите на неколку големи корпорации и политички субјекти. Ова е борба за опстанок на нашата нација. И ова ќе биде нашата последна шанса за да ја зачуваме. На овие избори ќе се одлучи дали ние сме нација или само сме илузија на демократија контролирана од неколкумина со посебни глобални интереси што го лажираат системот, а нашиот систем е лажиран. Ова е реалноста, вие го знаете тоа, тие го знаат тоа, јас го знам тоа и речиси целиот свет го знае тоа. Машината на Клинтон е во центарот на оваа структура на власт. Го видовме тоа од прва рака во документите на „Викиликс“, во кои Хилари Клинтон се состанува во тајност со меѓународни банки да заговара за уништување на суверенитетот на САД, со цел да се збогатат овие глобални финансиски сили, нејзините пријатели од посебен интерес и нејзините донатори. Искрено, таа треба да заврши во затвор. Најмоќното оружје на Клинтонови се корпоративните медиуми, печатот. Да појасниме една работа, корпоративните медиуми во нашата земја повеќе не се вклучени во новинарството. Тие се посебен политички интерес што не се разликува од лобистите или другите финансиски лица со политичка агенда, а агендата не се однесува на вас, туку на нив самите. Секој што ќе ја оспори нивната контрола се смета за сексист, расист, ксенофоб.  Тие ќе лaжат, лажат, лажат, а потоа ќе направат и полошо од тоа, тие ќе сторат се што треба за да се заштитат. Клинтонови се криминалци, запомнете го тоа. Тоа е добро документирано, а естаблишментот што ги штити е замешан во големо прикривање на криминалната активност во Стејт департментот и Фондацијата Клинтон, со цел да се задржат Клинтонови на власт. Тие знаеле дека ќе ги измислат сите лаги за мене и за моето семејство и за моите најблиски. Тие знаеле дека ќе се обидат на секаков начин да ме запрат. Сепак, со задоволство ќе ги примам сите овие удари за вас.  Ќе ги примам за нашето движење, за да ја вратиме нашата земја назад. Знаев дека овој ден ќе дојде; прашањето беше само кога. Знаев дека американскиот народ ќе се дигне и ќе гласа за иднината што ја заслужува. Единственото нешто што може да ја запре оваа корумпирана машина сте вие. Единствената сила што е доволно силна за да ја спаси нашата земја сме ние. Единствените луѓе кои се доволно храбри за да го исфрлат овој корумпиран естаблишмент сте вие, американскиот народ. Нашата голема цивилизација дојде до момент на расчистување. Не морав да го правам ова, луѓе, верувајте ми – верувајте ми. Изградив голема компанија и имав прекрасен живот. Можев да уживам во плодовите и придобивките од годините на успешни бизнис договори и бизниси за мене и за моето семејство. Наместо да поминувам низ ова ужасно шоу од лаги, измами, малициозни напади – кој би помислил? Јас го правам тоа бидејќи оваа земја ми има дадено толку многу што јас чувствувам дека сега е мојот ред да и возвратам на земјата што ја сакам. Јас го правам тоа за народот и за движењето и ние ќе ја вратиме оваа земја на народот и ќе ја направиме Америка повторно голема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top