МЗТ Скопје не успеа да ја совлада Гран Канарија и со триумф над шпанската екипа да го одбележи јубелејот 20 години од големата клупска победа над Реал Мадрид.
Македонскиот шампион претрпе пораз од 75-98. Гостите од Лас Палмас ја најавија победата уште во првиот дел .Гран Канарија поведе со 24-17 после првата четвртина и додаде уште 11 поени на крајот од втората за 51-33 на полувремето.Во седум минути од третиот период МЗТ успеа да анулира дел од негативата но во завршницата и потоа во последнта четвртина фаворитот ја врати двоцифрената разлика за убедлив триумф. Џош Скот очекувано беше главна фигура кај МЗТ Скопје со 22 поени, Тејмс реализираше 15 поени.,Мекиќ 11. Најефикасен кај Гран Канарија беше Кајл Кјурик со 19 поени. Поранешните македонски репрезетативци Мекејлеб И Хендрикс имаа просечен настап.Мекејлеб го заврши мечот со 6 коша ,Хендрикс за неполни седум минути реализираше три поени.Во следното коло од Еврокупот, МЗТ Скопје на 16 ноември е домаќин на Лиеткабелис. Поголемиот дел од славната генерација на МЗТ составена од Стефанов ,Блажевски, ,Куртовиќ, Михајловски,Нешовиќ,Симиќ ,Димов, и стручниот штаб предводен од тренерот Александар Књазев ,беше присутна во СЦ Јане Сандански на свечената церемонија која клубот во прославата од 50 години постоење ја приреди во чест на 6,номври 1996 година кога екипата од скопски Аеродром го совлада најтрофејниот европски клуб,гигантот Реал Мадрид.
Адем Мекиќ, кошаркарот на МЗТ Скопје поради повреди во таборот на „штрковите“ доби поголема минутажа на дуелот против Гран Канарија од Еврокупот, меѓутоа, не успеа да помогне во борбата за позитивен резултат (75-98). Младиот македонски кошаркар вели дека шпанците се доминантен колектив со високи амбиции, но истовремено смета дека од еврокуп-дуелот се исвлечени поуки за во иднина.
-Имавме тежок противник, знаеме која е Гран Канарија, тим со високи амбиции. Но, на овој меч имавме и добри наши моменти. Главниот проблем беше во загубените топки, но покажавме дека може на моменти да се носиме и со најсилните во групата. На дуелот добив поголема минутажа, што многу значи за млад играч како мене. Имав среќа во несреќа што се повредија играчи кои играат на истата позиција како и јас. Гледам да ја искористам секоја добиена минута, изјави Мекиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.