| четврток, 6 декември 2018 |

Руската убавица раскина со 13 години постарото момче: Викторија Лоба повторно е сингл?

viktorija-loba

Викторија Лоба ставила крај на врската со 40-­годишниот скопски бизнисмен Ѓорѓи и повторно е сингл. Причината за разделбата за која јавноста бруи деновиве, се уште е непозната, а дека нешто не е во ред со нивниот однос, потврда е и промената на нејзиниот љубовен статус на фејсбук­ профилот во слободна, а пејачката ги избришала и заедничките фотки со Ѓорѓи, пишува Вечер.

Инаку, русокосата убавица која ретко зборува за приватниот живот, неодамна за весникот изјавила дека не планира да се мажи годинава, но не ја исклучила можноста во 2017 година да облече венчаница и да го изговори судбоносното “да”.

– Не се мажам годинава, за следната ќе видиме. Венчаница сега­засега ќе носам само на ревија, изјавила Лоба непосредно по завршувањето на саемот за венчавки, каде што се појавила во улога на манекенка.

430477-viktorija-loba-povtorno-e-singl

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top