| четврток, 6 декември 2018 |

Докторите му се „коњак“, Мурињо се замери и со лекарската екипа на Јунајтед

Како и пред година во Челзи, кога Мурињо и се налути на Ева Карнеиро поради нејзината реакција на мечот против Тотенхем, така и оваа сезона португалскиот тренер е незадоволен од лекарската екипа на Манчестер Јунајтед.

Наводно тој им замерил за нивниот третман на неговите фудбалери, кои не биле спремни за цел натпревар. Се работи за Крис Смолинг и Лук Шо, кои требаше да бидат заздравени од своите повреди и да настапат на „Либерти“ стадионот во Свонси. Но, тоа не се случи, што доведе до реакција од страна на Португалецот.

Исто така, „Тајмс“ пренесува дека и Златан Ибрахимовиќ не е 100% подготвен на последните неколку натпревари. Сепак, причината на недостатокот на енергија и кондиција кај шведскиот напаѓач, весниците во Англија ја гледаат во методите на Мурињо.

На крај, целата ситуација со повредени играчи може да биде кобна по искусниот доктор Стив Мекнели, кој работи во екипата од Манчестер долги години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top