| четврток, 6 декември 2018 |

Утврден идентитетот на човекот кој утрово беше најден обесен во центарот на Скопје

Полицијата го идентификуваше човекот кој утрово беше пронајден обесен во паркот спроти Нова Македонија.

Од МВР за Република соопштија дека станува збор за 58 годишниот Адем Иса од Скопје.

Според првичните информации, на телото кое е предадено на обдукција нема траги од насилство.

Мртвиот маж беше забележан од случаен минувач утрово околу 8.20 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top