| четврток, 6 декември 2018 |

Судот го отфрли барањето на Трамп за итни мерки за нарушување на изборите во Невада

Судот во Невада го отфрли барањето на адвокатите кои ги застапуваат интересите на кампањата на републиканскиот кандидат на претседателските избори Доналд Трамп, за итно решени во врска со можни нарушувања на избирачко место во оваа американска сојузна држава.

Од изборниот штаб на Доналд Трамп побарале судија да донесе итна одлука за споменатото барање, но тој го одбил барањето. Како што претходно пренесе телевизијата СиЕнЕн , тужбата се однесува на терминот за гласањето во сојузната држава Невада.

Адвокатите коишто ги застапуваат интересите на Трамп, ги обвинуваат одговорните лица за спроведување на изборите во округот Кларк, за „намерна координација“ со активисти на Демократската партија, чиј кандидат за Белата куќа е Хилари Клинтон.

Како што тврдат од изборниот штаб на републиканскиот кандидат, избирачкото место за коешто станува збор за време на одвивањето на предвременото гласање на 4-ти ноември било затворени подоцна отколку што е пропишано.

Претходно во вторникот медиумите пренесоа дока поранешниот советник на Доналд Трамп за меѓународни прашања, Картер Пејџ, поднел жалба до Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во којашто тврди дека биле нарушени нормите од страна на изборната кампања на Хилари Клинтон.

Пејџ го адресирал своето писмо до челниот на ОБСЕ, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и до челникот на Организацијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Одри Гловер.

Во нив, исто така, се тврди дека во еден од окрузите (округот Кларк) клучни за исходите од изборите во државата Невада, биле отворени два часа подолго од законскиот термин. Во дописот се наведува дека членовите на изборните органи во округот Кларк „намерно се координирале со активистите“ на демократите за нарушување на изборните резултати.

Власите на округот Кларк ги негираа овие тврдеа, велејќи дека тие само им дале можноста да гласаат на оние коишто чекале во редот.

Невада има 6 електорски гласови, а за победа на американските претседателски избори потребни се најмалку 270 електори. На последните два претседателски избора оваа сојузна држава гласаше за демократот Барака Обама. Според анкетите, во Невада на предвременото гласање победила Хилари Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top