Куќата во која во Загреб се криел Јосип Броз со сопругата и синот, била во толку лоша состојба што нема ниту статус на спомен- куќа, а никој не се грижи за неа последните 15 години.
Денеска почна рушењето на некогашната куќа на Тито во Гајнице, на познатата улица на керестинечките жртви бр.31, во Загреб.
На нејзино место ќе се изгради нова зграда на Месниот одбор на Гајнице.
-Гајнице е единствен месен одбор кој нема ниту еден квадрат свој простор, а има над 8.000 жители. Ако се појави иницијатива , неам проблем зда ставиме спомен- плоча на новата зграда- велат од локалната управа.
Во напуштената куќа за време на втората светска војна престојувал Јосип Броз Тито со сопругата Херта Хас и синот Мишо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.