| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Свети Николе: Сосед педофил силувал шестгодишно девојче

Родителите на шестгодишно девојче од Свети Николе вчера во полиција пријавиле дека над нивната ќерка биле извршени полови дејствија во текот на минатиот месец. Додека девојчето било во дворот од нивната куќа во едно светиниколско, поминал соседот со иницијали М.П. 59- годишпен, кој ја повикал со него за да и даде батериски ламби и радио да си игра. Бидејќи биле соседи, девојчето отишло и седнало на еден од креветите во просторијата која се наоѓала во близина на нејзиниот дом.

Веднаш потоа М.П. започнал да врши полови дејствија, по што девојчето се исплашило и побегнало дома. Полицијата го привеле М.П. во ПС Свети Николе, а по целосно документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top