Младиот дефанзивец на ПСЖ, Преснел Кимпембе, потпиша нов петгодишен договор со клубот, кој ќе го задржи на „Паркот на принцовите“ до 2021 година. Тој е „дете“ на клубот, ја мина младинската школа на „светците“, а оваа сезона доби шанса за настап во сениорскиот тим, менувајќи го Давид Луиз, кој се врати во англискиот премиерлигаш Челси.
– Ова е исполнување на сонот за мене. Клубот во кој ги направив фудбалските чекори ми понуди долгогодишна соработка. Се надевам дека со добри игри ќе ја оправдам довербата – изјави Преснел Кимпембе.
Раководството на „светците“ знаеше како да го награди својот голем талент, па Кимпембе со новиот договор доби и 25 пати поголема плата од онаа што ја земаше досега. Имено, Кимпембе според претходниот договор месечно заработуваше по 8.000 евра, за сега неговата заработувачка експресно да порасне на 200.000 евра месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.