| четврток, 6 декември 2018 |

Стиви Џи најави крај на кариерата

stiven-dzerard

Легендата на Ливерпул и на англискиот фудбал, Стивен Џерард, кој настапува за Лос Анџелес Галакси најави дека ќе ја ја заврши кариерата, откако неговиот клуб ги заврши настапите во американската лига.

36-годишниот Џерард 12 години мина во Ливерпул и одигра 710 натпревари со 186 голови. Во 2005 година Џерард како капитен на „црвените“ ја освои Лигата на шампионите, вкупно со тимот од „Енфилд“ освои осум трофеи, а за англиската репрезентација запиша 114 настапи со 21 постигнат гол.

За ЛА Галакси, Џерард одигра 38 натпревари и постигна 5 гола, а неговата иднина и натаму е неизвесна, бидејќи фудбалерот не најави дали ќе се врати во својот матичен клуб и дали ќе отпочне тренерска кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top