| четврток, 6 декември 2018 |

Сораја ја дозна страшната вистина – боледува од смртоносна болест!

soraja

Старлетата Сораја Вучелиќ е исплашена бидејќи дознала дека боледува од анорексија. Во исповед за „Пулсонлајн“ Сораја раскажала како својата килажа ја свела на помалку од 50 килограми  и дека секојдневно  е на лекар, за својата здравстевена состојба да ја врати во нормала.

-Последните денови нонстоп сум по лекари бидејќи лекарите се сомневаат на анорексија. Секојдневно одам на контрола околу режимот на исхрана. Тим доктори, кој вклучува нутриционисти, општ доктор и ендокринолог секојдневно се со мене и ми е одреден режим на исхрана, кој морам да го почитувам. Најлошата работа во целата приказна е дека себеси свесно се доведов до анорексија и тоа кога почнав со ригорозна диета и напорни тренинзи – открива Сораја.

soraja2

– Сакав да бидам што послаба, па не јадев со денови. Буквално, се изгладнував, а ни во еден момент не бев свесна дека тоа му штети на моето здравје. Килограмите одеднаш почнаа да паѓаат, па килажата ја сведов на помалку од 50 килограми, што за мојата висина е опасно – рекла Сораја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top