Сораја Вучелиќ(32), како што тврдат нејзините менаџери, пријатели и соработници, ја бараат веќе со денови.
Имено, пред нешто повеќе од една недела, таа е вратена од граница кога од Црна Гора се обидела да влезе во Србија, со оглед на тоа дека дека и е забранет влезот во Србија. Од тогаш и се губи секоја трага, полицијата се сомневала дека е во странство, додека нејзините пријатели тврделе дека исчезнала.
После повеќе од 10 дена молк, Сораја се огласи и тоа на социјалните мрежи. Таа сподели две фотографии и откри дека во моментов се наоѓа во Калифорнија.
За потсетување, Сораја се наоѓаше во Турција, каде уживала на филмски сет. Турскиот бизнисмен Ангел Ченгиз Сикралоглу неодамна излезе од затвор, во кој одлежал 10 месечна казна, бидејќи уценувал богаташи и им изнудувал пари. Престојот зад решетки и вишокот слободно време очигледно добро му дошол, бидејќи добил идеја за снимање на филмот за својот живот. Ченгиз посакал неговата сопруга, која е убиена пред неколку дена, да ја глуми Сораја.
После тоа и се губи секоја трага. Некои велат дека ја виделе во Швајцарија, други дека е во Италија, додека според некои сето тоа е одличен ПР трик со кој Сораја се обидува да си сврти внимание на себе, а старлетата е во Калифорнија.
-Како во земја да пропаднала – напишал еден загрижен обожавател на оваа старлета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сораја во шок: Некој и ја уби мачката од 22.000 куни (видео)
-
Засолниште најде во приватен хотел: Сораја не смее во Белград, па се врати во Будва
-
Таа е опасност за безбедноста: Сораја не смее да влезе во Србија!
-
Чесните луѓе се во долгови до гуша, а старлетите купуваат стан од 25.000 евра во кеш: Се бара потекло на парите!