| четврток, 6 декември 2018 |

Добил црвен картон, па го убил на самото место: Фудбалер усмртил судија со глава

usmrten-sudija

Страшна трагедија се случи во Мексико во градот Тулансинг. Во натпреварот на ниската аматерска фудбалска лига, фудбалер го усмртил судијата со силен удар што му до задал со својата глава.

Натпреварот се одиграл меѓу локалните клубови Амигос дел Балон и АВОЛ, кога играчот Рубен Ривера Васкез добил црвен картон. Не можејќи да се воздржи, тргнал кон судијата и му задал кобен удар со главата.

usmrten-sudija1-640x480

Судијата Виктор Треха паднал и починал на самото место. Лекарите безуспешно се обиделе да му дадат помош. Локалните медиуми известиле дека фудбалерот Васкез веднаш побегнал и по него се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top