| четврток, 6 декември 2018 |

Александар си ја уништи свадбата: Забрани српска музика, му отидоа гостите

Во српската традиција, или барем така велат, свадба не може да помине без народна музика и без едно оро. Но, извесен Александар Гавриќ одлучил да се жени без овие традиционални елементи. Не му било битно во кој простор ќе се одржи свадбат, но многу му било битно да нема народна музика.

Затоа, ангажирал поп рок бенд од Нови Сад, мрсо му платил и им нагласил на музичарите дека тој и невестата се договориле да нема народна музика.

-Момците од бендот ми рекоа дека мора барем едно оро, но јас им реков дека ако свират оро, јас ќе си заминам, вели модерниот младоженец во изјава за 24сата.рс.

И така било, музичарите го политувале неговиот збор сѐ до моментот кога забележале дека постарите сватови седат и не се забавуваат, па освен за младите, решиле, на своја рака, да остсврат и нешто за постарите.

И целата сала, од прв до последен, поточно претпоследен, станале да играат. Единствео останал закован младоженецот. Откако се прибрал од шокот што му го приредила музиката, отишол до бендот и им наредил веднаш дапрестанат со несоодветната музика. Бендот го послушал, но свадбата се растурила. Сватовите од страната на невестата се навредиле и си заминале. За сеќа, велат кумовите преку кои приказната стигнала во медиумите, печеното прасе бло добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top