| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот султан Абдула Хамид Втори во Македонија има пет имоти, а Катастарот му ги чува тапиите

На Балканот има 4.280 недвижнини на османлискиот султар Абдула Хамид Втори од периодот 1869- 1908 година, тврди директорот на турската Дирекција за катастарски работи, Зејнел Абидин Туркоглу. Абдула Хамид Втори на Балканот има 4.280 имоти, кои со сите податоци се чуваат во архивот на турскиот катастарот, додава Туркоглу.

screenshot-5  Катастарските изводи за 7.756 недвижнини на султанот на територијата на Анадолија, Блискиот Исток и Балканот се чуваат во архив на турскиот Катастар, пренесува агенцијата Анадолија.

Туркоглу додава дека во архивот има три регистри за активен и пасивен имот на султанот. Постојат податоци за ниви, дворови, конаци, мелници, рудници, дуќани…

tapub1На Балканот, односно во Грција, има 2.843, во Албанија 1.424, во бугарија 8 а во Македонија има пет недвижнини.

Туркоглу додава дека во архивот и,а податоци за 2.369 недвижнини во Анадолија. Според податоците, на Блискиот Исток забележани се 1.107 имоти, од кои 390 во Сирија, 333 во Либан, 223 во Палестина, 83 во Ирак, 60 во Саудиска Арабија, 10 во Израел и 8 во Либија.

asdada_3804Се додава дека по смртта на султанот во 1918 година дел од имотот е доделен на турскиот државен трезор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top