| четврток, 6 декември 2018 |

Еден е од најбогатите луѓе на светот-султанот од Брунеи прослави 50 години владеење

Султанот од Брунеи  со голема церемонија прослави 50 години владеење во оваа мала земја во југоисточна Азија, богата со нафта.

Низ улиците на главниот град помина со златна кочија, а неколку десетици илјади граѓани мавтаа со знаменца и му аплаудираа на султанот Хасан ал Болкиах, еден од најбогатите луѓе на светот. Во кочијата имаше придружба од 50 луѓе.

Во чест на најстариот монарх во светот, по британската кралица Елизабета Втора, низ улиците две недели настапуваа фолклорни групи.

Болкиах (71) владее 50 години по абдикацијата на татко му во 1967 година.

Неговото владеење е обележано и со контроверзи, како што е воведувањето на шеријатскиот закон од 2014 година и раскошниот живот на членови на неговото семејство. За неговиот помлад брат се зборува дека има хареми со жени од Запад.

Султанот од Брунеи го поседува ланецот луксузни хотели Дорчестер, кои се наоѓаат во Париз, Лондон, Милано и Рим, како и хотелите Бел Ер и Беверли Хилс во Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top