| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: ФБИ не можел да прегледа 650 илјади мејлови за осум дена

Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД оцени дека ФБИ не можел да прегледа 650 илјади мејлови за осум дена за да соопшти дека „немало ништо криминално“ во мејловите на демократскиот кандидат Хилари Клинтон.

-Хилари Клинтон е виновна. Таа тоа го знае, ФБИ тоа го знае, граѓаните тоа го знаат и сега останува на луѓето во САД да донесат правилна одлука на изборите на 8 ноември- рече Трамп на еден од завршните митинзи во Мичиген.

Но, како што ппишува ББЦ, неколку ИТ експерти велат поинаку.

-Тоа е наивно гледиште. Истражителите не го истражуваат секој мејл поединечно- рече Адам Вудвард од Универзитетот Сури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top