Културно-информативниот центар вечерва во 19.19 ќе ја промовира книгата „Дали го сакате Дали“, роман, од Христо Петрески. Петрески е поет, раскажувач, критичар. Докторирал на темата „Авторска бајка-компаративна анализа“. Доцент е на Универзитетот „Есра“. Основач и директор на Издавачката куќа „Феникс“, фондацијата „Македонија презент“, списанието „Стожер“ и манифестацијата „Празник на липите“. Член е на ДПМ.
Пишува поезија и проза за возрасни, деца и млади,филмски и театарски критики и зад себе има над 25 книжевни објави. Автор е на книгите:“Вулканска потреба“(поезија), “Врв“(хаику),“Споени садови“(критика) и многу други.
Во романот „Дали го сакате Дали“ главниот јунак е анонимниот сликар со исто име како шпанскиот сликар Салвадор Дали, кој живее како питач во подрумите на скопската населба Капиштец.За топла чорба и чаша алкохол, ги трампа своите слики.Преку оваа нарација авторот се обидува да истражи, опише и демистифицира урбаниот живот и амбиент во македонската метропола.
Книгата ќе ја промовираат, Весна Мојсова Чепишевска и Санде Стојчевски, а извадоци од книгата ќе интерпретира Роберт Велјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


