
По конечните 103:97 извојувани по продолжение Мемфис поведе со 3-1 во добиени натпревари.
Домашната екипа во своите редови имаше повеќе расположени играчи – Мајк Конли постигна 24 поени, Зак Рендолф имаше 23 поени и 12 скокови, а Марк Гасол 23 поени и 11 скокови.
Кај Оклахома Сити најефикасен беше Кевин Дурeнт кој постигна 27 поени, но во решавачките моменти немаше реализација.
На вториот натпревар одигран ноќеска, шампионот Мајами предводен од Леброн Џејмс го совлада Чикаго на негов терен со 88:65. Леброн Џејмс постигна 27 поени во третата победа за неговиот тим кој сега води со 3-1 во победи.
Следниот натпревар се игра на теренот на Мајами и со победа шампионот ќе се пласира во финалето на конференцијата.
Вечерва се играат натпреварирте Сан Антонио – Голден Стејт (2-2 во победи) и Индијана – Њујорк (1-2).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


