Двајца малолетници од Скопје вчера по полноќ физички го нападнале осумнаесетгодишниот К.С. од село Визбегово, Скопско, при што му нанеле тешки телесни повреди.
Министерството за внатрешни работи информира дека ноќта на 6 ноември во 1.05 часот во полиција од страна на граѓанин е пријавено дека на ул. „Битпазарска“ лежи машко лице во несвест, за кое е констатирано дека е К.С. (18) од с. Визбегово, Скопско.
Од страна на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар и се наоѓа на КАРИЛ, каде што му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.