| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот Раул може да истрча маратон без никаков проблем

Еден од најхаризматичните фудбалери во шпанската историја, Раул Гонзалез Бланко оствари уште една цел во својата кариера. Некогашниот капитен на Реал Мадрид ја прекина својата кариера како стручен коментатор на BEING SPORT и без проблем го истрча маратонот во Њујорк.

Раул трчаше на покана на спонзорот Адидас и оствари време 3:26.05 без грчеви и проблеми во текот на сите 42.195 километри.

Легендата на Реал Мадрид со стартен број 10.525 ја оствари целта и по завршувањето на фудбалската кариера го истрча најпрестижниот маратон во градот во кој ги мина последните години од кариерата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top