| четврток, 6 декември 2018 |

„Амфенол“ ќе гради трета фабрика и четврт погон во земјава

amfenol

Американската компанија Амфенол го шири своето работење во Македонија со градба на нов погон за автомобилски делови во Кочани. Ова е една од добрите вести кои ги најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски викендов што измина.

– Амфенол веќе има две фабрики и три погони во Кочани. Градбата на третата фабрика и четврт погон треба да заврши во средината на 2017-та и да отвори нови директни 400 работни места. Со сите нивни фабрики постоечки и новата Амфенол ќе достигне 2.500 нови вработувања – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top