| четврток, 6 декември 2018 |

Гилан и Македонската филхармонија приредија концертен спектакл во Скопје

Незаборавните хитови како „Black Night“, „Smoke on the Water“, „Hush“…, во саботата навечер покажа дека и во Скопје не ги паметат само тие што израснале со музиката на „Дип парпл“, туку и многу млади посетители на концертниот спектакл што се одржа во ВИП арената во организација на „Авалон продукција“, концертот на Јан Гилан и на Македонската филхармонија.

На репертоарот беа и неколку други нумери што не биле изведени досега, како „Razzle Dazzle“, „The Unwritten Law“, „Anya“, но и традиционалната „No more Cane on the Brazos“ и други, како и песни од соло-кариерата на Гилан. Аранжманите на Бентли Клеин звучеа безвременски, музичарите извонредни, а вокалот на Гилан доживување на сите сетила. Публиката го препозна ова и не изостанаа огромни аплаузи.

Македонската филхармонија уште еднаш покажа дека има одлични професионалци, но и рок-легендата и познатиот диригент, кои претходно изјавија дека на оваа турнеја е предизвик да работат со разни оркестри во градовите во кои настапуваат, а со кои и немаат многу време заедно да ги пробаат песните. Во саботата навечер воопшто не се чувствуваше дека немале време да пробаат заедно, звучеа како цело време да се дел од турнејата на Гилан, која почна неодамна и која по концертот во Скопје, продолжи во Белград, Букурешт …

Гилан не настапува првпат во Скопје. Тој, за тие што се сеќаваат, имаше концерт на 20 јули 2005 година на Саем во Скопје, и на кој сè уште се сеќаваат тие што го посетија.

фото популарно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top