-Американска компанија влегува на македонскиот пазар отворајќи канцеларија во Битола со план да вработи 300 лица- најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Тие обезбедуваат техничко-административна поддршка на осигурителната индустрија, маркетинг услуги и преку социјалните медиуми и медицинско кодирање на итни центри за грижа во Америка. Она што е предност е што ќе се вработат млади и добро квалификувани дипломци за што ќе се обезбеди и професионален тренинг. Оваа инвестиција ја води министерот Џери Наумоф, чие потекло е од битолско и видно забележливи се неговите напори да донесе повеќе инвестиции за Битола – објасни Груевски.
Според него не е попусто што Светската банка не прогласи за држава која е петта најдобра во Европа и десетта најдобра во Светот според добрата бизнис клима и добрите услови за правење бизнис.
-Се објави дека од нас во Европа со подобра бизнис клима се само Данска, Англија, Шведска и Норвешка, кои пак од друга страна имаат многу високи трошоци за правење бизнис. Е затоа, секој месец имаме најави или почеток на градба или почеток со работа на неколку нови инвестиции. Така, два дена откако американската фабрика Леар на која работеше Веле Самак, официјално почна со работа во Тетово и ќе обезбеди најмалку 2.000 директни вработувања, од кои 500 веќе работат – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.