| четврток, 6 декември 2018 |

Добра вест за Скопје тешка 20 милиони евра: „Локо транс“ е нова инвестиција која ќе вработи најмалку 600 невработени

pogon

Од почетокот на наредната година во Скопје ќе почне изградбата на погон за одржување шински возила, нова инвестиција „тешка“ 20 милиони евра која ќе вработи најмалку 600 лица, при што во првата фаза ќе се запослат од 150 до 200 луѓе. Станува збор за  инвестиција на Локо Транс, чешка голема компанија која се занимава со железнички транспорт и шински возила. Тие планираат во новиот да ги сервисираат активностите поврзани со железнички транспорт на компанијата во повеќе земји од поширокиот регион.

-Се планира инвестиција во вредност од 20 милиони евра и се очекува изградбата да почне во првата половина на 2017-та и за неполна година да започне со работа. Поранешниот инвестициски промотор во Јапонија, кој пред две години се врати и го ангажирав во мојот кабинет во Владата во секторот за привлекување инвестиции при кабинетот, Бојан Петровски ја води оваа инвестиција. Имаме дозвола да го кажеме и името на компанијата,  се вика Локо транс – најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

-Сигурно се сеќавате на времето кога слушавме само вести во кои фабрики се затвораа, работници се отпуштаа од работа, ние дури и во состојба на криза го намалуваме бројот на невработени и носиме инвестиции подобрувајќи ја бизнис климата – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на конференцијата на Унијата на жени на партијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top