| четврток, 6 декември 2018 |

Наставник од пеколот: „Кока-кола“ се прави од крвта на абортирани деца

Со постојани навреди и понижување се соочуваат учениците на часот по срски јазик кај наставникот Милан Миленковиќ во ОУ „Александар Караѓорѓевиќ“ во гратчето Прњавор кај Шабац.

На неговата тортура не му се гледа крајот, се жалат родителите на основците.

– Не е нормално еден образован наставник така да им се обраќа на децата. Тој ги навредува на сметка на нивниот изглед, па на едно девојче и рекол дека изгледа како дебела свиња – се жали еден од родителите во српските медиуми.

Наставникот се фалел дека никој ништо не му може.

– Им зборува на децата за гејови и проститутки. Рекол дека „кока-кола“ се прави од крвта на абортирани деца. Замислете, не му е срам Вук Караѓиќ да го вика дебилен мустаклија – раскажуваат револтираните родители.

Пред три години, кога бил дежурен во ходникот на училиштето, повлекол еден уеник за уво толку силно што му го скинал. Родителите на детето го тужеле, по што било докажано и дека ученикот не згрешил ништо. Миленковиќ тогаш бил суспендиран еден месец, но повторно се вратил на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top