Пет завореници, Босанец, Србин, Албанец, Французин и Косовар избегале од швајцарскиот затвор Боа- Мермет со помош на скала и други помошници од затворот, соопштија швајцарските власти.
Сите бегалци издржувале затворски казни за тешки кривични дела.
Бегството го извршиле вчера околу 10 часот претпладне додека триесетина затвореници се шетале низ затворскиот двор. Пет од нив успеале да побегнат благодарение на помошта од тројца маскирани лица од надвор.
25 годишниот Србин бил во притвор под истрага за тежок грабеж, 34 годишниот Албанец лежел за трговија со дрога, 31 годишниод Босанец бил заторен за кражба, 22 годишниот Албанец од Косово издржувал затворска казна за грабеж, а 47 годишниот Французил бил осуден за разбојништво, дрога и оружје.
Според портпаролот на швајцарската полиција, Србинот бил член на бандата Пинк Пантер која ограбува златарници. Другите четворица немале врска со оваа група, но очигледно дека имале добра соработка кога се организирало бегството. Нивните соучесници им фрлиле торба со оружје и скала со која се прекачиле преку ѕидот. Целото бегство траеле не повеќе од пет минути по што избегале во непознат правец со две возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


