Ахмети за првпат призна дека постојат егоистични и регресивни сили кои ги интересира стагнирањето и кочењето на натамошниот развој на земјата.
Иако не откри за кои центри станува збор, лидерот на ДУИ ги нарече егоистични и регресивни сили кои работат против развојот на земјата. Независно од ова, Ахмети е уверен во победа на ДУИ на изборите на 11 декември.
–Можевме да сториме многу повеќе ако не се соочевме со криза, можеби и планирана и предвидена од центри кои не сакаат оваа земја да оди напред, кои не сакаат оваа земја да го заземе заслуженото место во регионот и Европа, но и во светот. Постојат егоистични и регресивни сили кои ги интересира стагнирањето и кочењето на натамошниот развој, истакна Ахмети.
Обраќајќи се до новоформираните албански опозициски партии БЕСА, Унитети, ДР-ДПА, Ахмети порача:
– Не занимавајте се со нас, туку посветете време и eнергија на промоција на вашите платформи и програми!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех