Можеби идејата звучи помалку нереално, некој да ви дава пари само за да живеете во одреден град, но тоа навистина се случува во повеќе градови низ светот. Погледнете во кои градови може да добиете финансиска помош доколку сте нивни жител.
Градот Хармон во Минесота
Во ова гратче спремни се да ви дадат и до 12.000 евра доколку сакате да останете засекогаш. Иако се свесни дека на голем дел од куќите во тој град им се потребни многу поправки и вложување, смислиле интересен начин да привлечат нови жители. Оваа необична акција трае веќе неколку години.
Детроит
Изминатите неколку децении, Детроит беше во прилично тешка ситуација, а главна последица од тоа се потполно напуштените делови од градот. За да се изборат со тоа, тие ја покренале „Челинџ Детроит“ програмата која ги поттикнува младите, способни и образовани луѓе да се населат во тој економски пропаднат и помалку празен, запустен град. Споменатата програна им плаќа на заинтересираните да се преселат во Детроит и таму да работат и да стекнуваат контакти.
Чатануга, Тенеси
Овој град неодамна го доби прекарот „ГикСити“ бидејќи во Чатунга, секој граѓанин има пристап до Ви-Фи интернет со брзина од 1 гигабајт во секунда. Поради тоа, ја осмилиле програмата „ГикМув“ која им помага на младите компјутерџии да се преселат и да работат таму.
Саскачеван
За да привлечат што повеќе млади интелктуалци, од оваа канадска покраина одлучиле да понудат 20.000 канадски долари на малдите луѓе од Канада, но и на имигрантите, за да живеат и работат најмалку седум години. Единствен услов е да завршиле факултет (после 2006 година) и да се спремни да се соочат со канадската екстремна зима.
Нијагарини водопади
Додека многумина сонуваат да ги посетат овие познати водопади, тамошните власти на сите начини се обидуваат да привлечат млади жители. За тоа даваат помош од 7.000 долари за отплада на студентски кредит, ако имате желба да живеете таму. Услов е да имате завршено факултет неодамна, а програмата која се занимава со тоа се нарекува „Лив НФ“.
Канзас
Поголемиот дел од сојузната американска држава Канзас е спрена да им плати на луѓето да дојдат, да живеат и работат кај нив. Од 105 делови на оваа држава, 77 овозможуваат финансиска помош на новите жители. Во зависност од тоа за кој дел од државата Канзас ќе се одлучите, можете да добиете и до 15.000 долари за отплата на студентски кредит, или да бидете ослободени од плаќање на даноци полни пет години.
Било каде на Алјаска
Доколку немате проблем со ниските температури, оваа програма која е најпозната во светот можеби е за вас. Како што на многумина им е познато, Алјаска им плаќа на луѓето кои постојано живеат таму. Секако, за да добиете пари треба да докажете дека навистина сте се преселиле таму. Ако тоа го направите, може да очекувате до 18 000 долари, неповратни кои ги исплатуваат секоја година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.