| четврток, 6 декември 2018 |

Сугарески: Прашајте таму зошто ме нема

Концептот е одличен, а зошто ме нема на листите, најдобро е да прашате во партијата, вели во изјава за „Република“ екскоординаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

Во телефонскиот разговор довчерашниот координарот на пратеничката група, кој денеска не е воопшто на листите на Зоран Заев и врвот на партијата, на прашањето како го коментира тоа што не е е на ниту една листа, како од пушка одговара дека партијата направила одличен концепт, веројатно така проценила. Но, соочен со фактот дека до вчера бил прв партиски претставник во собранието, на прашањето дали нешто му замеруваат во партијата, што е тоа што толку згрешил што не е на листата, за што се чудат и сопартијците, тој додаде:

-Тоа е тоа, прашајте таму во партијата. Вие сте од надвор, вие анализирајте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top