Екипата на Ливерпул се искачи на врвот во Премиер лигата по убедливата победа на домашен терен над Ватфорд (6-1). Избраниците на Клоп не им дадоа никаква шанса на гостите, кои можеа само да гледаат во фудбалската рапсодија на „црвените“.
Победникот беше решен во првиот дел, откако Мане со глава, Кутињо со прекрасен удар по земја и Џан на асистенција на Лалана донесоа високо водство за домаќините. Високата победа беше потврдена со нови три гола во второто полувреме во реализација на Фирмино, Мане и Вајналдум, а почесниот погодок за гостинската екипа го постигна Јанмаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.