Во писмото кое е потпишано од муфтијата Плуми Велиу од Исламската Верска заедница во Битола а кое најверојатно е напишано во координација со реисатот на исламската верска заедница во Скопје се обвинуваат премиерот Груевски и претседателката на комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска дека во обид да најдат алиби за недоаѓањето на црковни делегации од соседните земји на меѓународната конференција минатата недела тие сакале да прикажат дека виновник за состојбите е ИВЗ.
Според писмото на битолскиот муфтија Македонската Православна Црква не постои. Премиерот Груевски и претседателката Божиновска се несреќни поради непостоењето на МПЦ во семејството на православните цркви, тврди битолскиот муфтија а причината за таа несреќа според ИВЗ не се муслиманите.
Според писмото кое носи крајно навредлив и провокативен наслов „Раната на мртовецот не чувствува болка“ ИВЗ смета дека Македонија нема углед, а тврдењето дека ИВЗ и нејзиниот поглавар го уриваат имиџот на државата не е точно затоа што тој воопшто не постои.
Инаку на конференцијата за меѓуверски дијалог во Скопје меѓу другите двесте гости од триесетина земји учествуваше и реисот на Српската исламска заедница.
Кругови блиски на ИВЗ за Канал 5 тврдат дека битолскиот муфтија Плуми Велиу кој и порано давал радикални изјави е еден од кандидатите за наследник на првиот човек на Исламската верска заедница.
Писмото на битолскиот муфтија Велиу во целост
Р А Н А Т А Н А М Р Т О В Е Ц О Т Н Е Ч У С Т В У В А Б О Л К А
Заврши долгоочекуваната таканаречена меѓународна конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, на самиот нејзин почеток, како и во текот на нејзиното траење, на адресата на ИВЗ на РМ и нејзиниот поглавар Реис ул улема хаџи Сулејман еф Реџепи беа упатени еден куп лаги, невистини и манипулации, всушност за воља на вистината, амбалажата на директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Валентина Божиновска е многу привлечна, меѓутоа, не е доволна да ги спакува сите нејзини лаги, манипулации и нејзиното лицемерие за неучеството на ИВЗ на конференцијата, односно нејзиниот неморал додека коментира за поглаварот на ИВЗ.
Божиновска ја обвинува ИВЗ и нејзиниот поглавар за рушење на меѓународниот углед и за рушење на имиџот на државата, се поставува едно практично прашање: дали Божиновска беше свесна дека не е на театарска бина? или пак, само таа е убедена, дека сепак се она што се случуваше со конференцијата е една обична театарска претстава, каде таа мораше да изигра туѓа игра, без никакви правила, и да ја злоупотреби положбата, впрочем, зборува за некој углед и имиџ, што ова држава воопшто го нема, и, како е можно ИВЗ и нејзиниот поглавар да рушат нешто што реално не постои. Лицемерно манипулира со јавноста кога вели: “ Наместо да повикуваат на љубов и соживот, нивниот поглавар звучи како член на политичка партија“. Г-ѓа Божиновска не го познава Исламот, Исламот не е романтизам, туку кодекс на живеење, и заради тоа г-ѓата нема капацитет ниту пак кредибилитет да ги вреднува настапите на поглаварот на ИВЗ , односно испод секое ниво е да го спореди со било кој политичар и било која политика. Угледот на поглаварот на ИВЗ е меѓународно докажан и признат, а за тоа сведочи и неприсуството на ниту една поканета делегација на легална исламска институција на конференцијата, и тоа во знак на солидарност и поддрша на ИВЗ на РМ, за неправдите, дискриминацијата и понижувањето што и се прави од страна на државата , односно срамно е кажувањето за присуството на некој изолирани и небитни поединци, кои всушност и не беа свесни каде, и зошто дошле. Поглаварот на ИВЗ е единствениот човек во оваа држава што најмногу направил и прави за негување на љубовта и соживотот меѓу граѓаните, а тоа, со неговите конкретни ставови и активности го докажал стотина пати и повеќе, односно сето ова го прави затоа што не знае да глуми и не е романтичар.
Почитувани, Муфтиството на ИВЗ на РМ Битола, јасно ја известува цела македонска а и меѓународна јавност, дека воопшто не е изненадена од изјавите на премиерот на РМ и директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, всушност со нивните неморални, некарактерни, лицемерни и театрални изјави во врска со бојкотот на, веќе неуспешната и таканаречена конференција, конкретно ИВЗ на РМ уште пред една година јасно кажа дека: нема да учествува на третата меѓународна конференција, доколку не се надминат проблемите и дискриминаторскиот однос на државата кон Исламот и муслиманите, која не им дава да дишат, односно во ова држава за ИВЗ, Исламот и муслиманите нема закон, нема ред и поредок и воопшто нема морален кодекс, единствено што има тоа е понижувачки и дискриминаторски однос на властите и нвните неморални лаги,односно оваа власт, упорно го прави она што на државата ќе и носи штета, а не она што ќе и биде од корист.
Почитувани, г- дин Груевски и г-ѓа Божиновска, на нас во ИВЗ, а и на сите муслимани, јасно ни е дека, непостоењето на МПЦ во семејството на православните цркви ве прави несреќни, како и недоаѓањето на соседните православни цркви на конференцијата, затоа ние ви укажуваме и ве упатуваме дека причината на вашата несреќа, е во вас самите, а не во ИВЗ и муслиманите, и затоа повторно ви укажуваме дека нема да ви биде од корист што врз нас го истурате сиот ваш гнев.
Почитувани, г-дин Груевски и г-ѓа Божиновска, вие бевте свесни за ставот на ИВЗ, а и на тоа дека овој пат ИВЗ на РМ нема да поверува на вашите лаги, бидејќи и самите знаете дека не го исполнивте ветеното од 2010год. Односно покрај нас ги излажавте и тогашниот амбасадор на САД како и други дипломатски претставници, и наместо да превземете нешто конкретно за да се надмине оваа состојба, вие смислено со лаги и многу перфидно произведовте вештачки проблем, односно свесни дека конференцијата нема да успее и во потреба за виновник , вие, вината ја фрливте врз ИВЗ, односно да се претставите како жртва на ИВЗ. Кажавте дека ИВЗ сама се бојкотира, напротив, час поскоро премиерот и директорот на комисијата треба да се заштитат и ослободат од сопствената самобендисаност, која еден ден страшно ќе им се освети, односно овие веруваат дека имаат право над секој човек, и дека другите, различните од нив, немаат никакви права, впрочем ако дадат нешто што со закон е регулирано, тие тоа го правеле на доброволна база и нивната широкоградост без никакви обврски, што значи дека луѓето наспроти нив, не поседуваат ништо освен покорноста и послушноста.
Муфтиство на ИВЗ на РМ Битола
Муфтија ПЛУМИ ВЕЛИУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски