| четврток, 6 декември 2018 |

Уште 5 недели до големата победа на македонските граѓани

Уште 5 недели до одговорот кој треба да го добијат сите кои си играат со чувствата на нашите граѓани и ги држеа во заложништво цели 2 години. Под тензија, поделеност, конфликтност… Уште 5 недели до големата победа на македонските граѓани над сите оние кои ги потценуваа во овој период и со подготвени сценарија одлучија да му го земат мирот на македонскиот граѓанин, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Уште 5 недели до изборите кои ќе бидат пример за сите дека не може со напишано сценарио да се урне држава и да се разнебити народ! Дека во една држава со слободоумен народ ни странски служби,ни некој кој однадвор те спремал, како што вели самиот мојот политички опонент, не може да го прелаже народот.

– Уште 5 недели кога ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе го почнеме новото време кое Македонија го заслужува! Свесни за работите и кои кај нас треба да ги промениме, но и промени на подобро во државата, преку реални проекти и мерки, истакна Груевски во својот говор.

Тој додаде дека со одлична програма која е реална и остварлива, со извлечени поуки од грешките и пропустите од минатото, со сериозна сондажа на мислењето на народот за тоа што поддржува, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари нова победа на следните избори, што водено ќе биде и победа на македонските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top