Мажот, кој беше уапсен, откако жена заврзана со ланци беше пронајдена на неговиот имот во Јужна Каролина, убил најмалку седум лица, изјави шерифот на Спартанбург, Чак Рајт.
Тој истакна дека Тод Колап признал вчера дека е одговорен за убиството на четири лица во продавница за мотоцикли во 2003 година, а исто така на полицијата и ги покажал гробовите на другите две жртви, кои биле закопани на неговиот имот во близина на Вудроф.
Претходно на истото место беше пронајдено тело на друга жртва. Рајд и судскиот лекар Раст Клевинџер ја идентификувале жртвата како 32годишната Чарлз Карвер, пријателка на 30годишната Кала Браун, која беше пронајдена заклучена во метален контејнер во четвртокот. Таа и пријателката се воделе како исчезнати од август. Шерифот изјави дека е можно да бидат откриени уште тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца