Пет лица загинаа во експлозија на гас во станбена зграда во градот Иваново во Централна Русија, јави ТАСС.
Меѓу загинатите е тричлено младо семејство со четиригодишно девојче, соопшти локалната канцеларија на Министерството за вонредни ситуации.
Жителите на зградата беа евакуирани. Спасувачите извлекоа од урнатините осуммина преживеани. Четворица се сместени во болница, а другите четворица добија лекарска помош на лице место.
– Спасувачките екипи ја завршија својата работа, на местото на несреќата нема повеќе луѓе. Во тек е расчиствување на остатоците и на урнатите конструкции, се вели во соопштението на Министерството.
Експлозијата разурнала четири апартмани во двокатна зграда, без при тоа да предизвика пожар.
Причина за експлозијата во зградата, која е изградена во 1962 година, можеби е истекување на гас од дотраена инсталација, изјави експерт од службата за гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.