Откако утрово холивудската актерка Анџелина Џоли го шокираше светот кога обелодени дека поради страв од семејната генетска мутација од која би можела исто како и мајка и да добие од рак на дојка, таа направила двојна мастектомија, нејзината вечна поддршка и партнер, Бред Пит, јавно ја поздрави нејзината храборост.
– Бев сведок на оваа одлука и сметам дека изборот на Анџелина, како и на многу други жени, е апсолутно херојски. Му благодарам на медицинскиот тим на вниманието кое и го дадоа. Се што посакувам е Анџелина да има долг живот во здравје, со мене и нашите деца. Ова е среќен ден за нашето семејство – изјавил Пит.
Во своето писмо во врска со постапката, Џоли го фали Пит како „партнер што дава љубов и поддршка“.
– Бред беше во центарот за рак на дојки Пинк Лотус, каде што бев третирана, во секоја минута од операциите – напиша таа додавајќи – Успеавме да најдеме моменти за да се смееме заедно. Знаевме дека ова е вистинската работа што треба да се направи за нашето семејство и дека тоа ќе нè зближи уште повеќе. И нè зближи.
Пит не е единствениот што ѝ се восхитува на одлуката на Џоли. „Холивуд рипортер“ забележува дека сите познати личности, од Шерил Кроу до Д-р Дру ја поздравуваат нејзината храброст.
Во меѓувреме, Зораида Самболин од тимот на Си-ен-ен, пак, денес изјави дека таа исто така планира двојна мастектомија откако ѝ е дијагностициран рак.
Помеѓу познатите личности кои ја добиле битката со оваа лоша болест се и австралиската пејачка Кајли Миног, на која ракот на дојка и е откриен во 2005 година, нејзината сонародничка и колешка Оливија Њутн Џон, поп пејачката Анастасија, актерката Џеклин Смит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


