| четврток, 6 декември 2018 |

Работникот од РЕК починал од срцев удар

Денеска околу 15:10 часот, во рудникот Суводол како последица на срцев удар на 49 години починал работникот на подружница РЕК Битола, Александар Аврамовиќ од Битола, потврдија официјлано од комбинатот во вечерва.

Надлежните органи извршија увид на лице место, при што е констатирано дека работникот починал од природна смрт, поради што истражниот судија не наредил обдукција на телото на починатиот, официјално соопштија од комбинатот.

Според првичните информации, беше јавено дека несреќниот работник починал при пад од багер, што го потврди во првиот момент и битолската полиција.

И првите информации од РЕК Битола говореа дека тамошните лекари и лекарите од итната медицинска помош констатирале дека станува за масивен тежок инфаркт, што е потврдено и при полицискиот увид за целосно расчистување на околностите во кои починал рударот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top