Крадци влегле на полноќ во станот на српската пејачка Лепа Лукиќ. Додека таа спиела, крадците влегле во станот на првиот спрат прекачувајќи се преку терасата.
Кога се разбудила и кога сфатила дека крадци однеле се, и се слошило па покрај полиција во станот пристигнала и Итна помош.
Пејачката не ни се посомневала дека нешто се случува, спиела додека крадците го пребарале секој агол во станот барајќи пари.
Таа вели дека и биле однесени сите картички и лични документи, а крадците однеле еден милион динари и 1.600 евра како и српскиот и канадскиот пасош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.