Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди во централните делови од земјата. Наутро во котлините по некаде ќе има појава на утринска магла, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд на северозападот и на крајниот југоисток. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб претежно југоисточен ветер, а наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се сушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и пообилни. Локално ќе биде нестабилно и облачно особено на југозападот од земјата со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.