| четврток, 6 декември 2018 |

Каков ден: Даде пет гола, му се роди ќерка и ќе игра против Македонија

Ветеранот на Атлетик Билбао, Ариц Адуриз е приказна на денот во шпанскиот фудбал. На 35 години, тој синоќа постави рекорд во Лигата Европа постигнувајќи пет гола на еден меч и тоа во дуелот со Генк. Три од нив постигна од белата точка, но вреди да се спомне дека до бројката од пет дојде со исто толку удари.

Веднаш по натпреварот против Генк, доби прекрасна вест дека неговата партнерка се породила и вторпат стана татко бидејќи добил ќерка. За комплетирање на фантастичното деноноќие се погрижи селекторот на шпанската репрезентација Хулен Лопетеги кој го повика Адуриз за претстојниот дуел против Македонија кој се игра идната недела во Гранада.

Можеме само да се надеваме дека нема да биде ефикасен како синоќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top