По демолирањето на Ургентниот центар на ГОБ „8 Септември“ од страна на толпа од триесетина мажи кои тешко ја поднеле веста дека кај нивни близок е констатирана смрт од болницата доцна вечерва стапиле во контакт со семејството на починатиот. Се договориле да отидат и да ги потпишат неопходните формулари дека не сакаат обдукција.
-Починатиот со возило на итната медицинска помош без знаци на живот бил донесен во болницата, потенцира директорот Сашо Стојчев и ги потврди информациите за инцидентот.
Тој потенцира дека немало атак на белиот мантил, односно дека лекарите и персоналот на болницата не биле нападнати. Починатиот бил насилно земен и однесен во непознат правец.
Роднините веднаш откако ја слушнале веста, почнале да расфрлаат и кршат се пред себе, по што насилно го зеле телото на 40- годишниот маж и го одвеле со возило без регистарски таблички. На заминување го скршиле стаклото од влезната врата во Ургентниот центар.
Увидот траел неколку часа во собата за реанимација, каде што толпата дивеела. Директорот д-р Стојчев информираше дека се прегледуваат и снимките од камерите во болницата. Повеќе детали за случајот се најавени за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГОБ „8 Септември“: Во „Идризово“ непотребно се чекало, затвореникот беше предоцна хоспитализиран
-
Што се случувало во ГОБ „8 Септември“: Кршеле, викале, па го однеле мртовецот во непознат правец
-
Демолиран Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“, 30 лица кршеле сè пред себе
-
Од идната година лекари ќе специјализираат и во „8 Септември“