| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случувало во ГОБ „8 Септември“: Кршеле, викале, па го однеле мртовецот во непознат правец

saso-stojcev

Над 30 мажи околу 18 часот дивееле во ГОБ „8 Септември“, откако лекарите им соопштиле дека безуспешно се обидувале 40 минути да го ренимираат нивниот роднина.

-Починатиот со возило на итната медицинска помош без знаци на живот бил донесен во болницата, потенцира директорот Сашо Стојчев во изјава за Телма и ги потврди информациите за инцидентот.

Тој потенцира дека немало атак на белиот мантил, односно дека лекарите и персоналот на болницата не биле нападнати. Починатиот бил насилно земен и однесен во непознат правец.

Роднините веднаш откако ја слушнале веста, почнале да расфрлаат и кршат се пред себе, по што насилно го зеле телото на 40- годишниот маж и го одвеле со возило без регистарски таблички. На заминување го скршиле стаклото од влезната врата во Ургентниот центар.

Увидот траел неколку часа во собата за реанимација, каде што толпата дивеела. Директорот д-р Стојчев информираше дека се прегледуваат и снимките од камерите во болницата. Повеќе детали за случајот се најавени за утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top