Фановите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, збеснаа по новиот пораз кој ѕвездите на Жозе Мурињо го доживеаја на гостувањето во Истанбул.
Иако, „црвените ѓаволи“ имаа обврска да слават во натпреварот од 4. коло во Лигата на Европа, пресметката во Турција сосема заслужено заврши со минимален триумф на Фенербахче.
По натпреварот, на сите социјални мрежи доминираа негативните коментари за играта на скапо платените ѕвезди, но најкреативен беше навивач кој на Твитер напиша дека ќе си го свари кучето ако Манчестер Јунајтед не ја прекине соработката со контроверзниот стручњак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.