| четврток, 6 декември 2018 |

Народни верувања: Што не смее да се прави во петок

Петок е дена за кој се поврзани можеби најмногу верувања, особено што долго време се сметал за „баксузен“.

Во петок никако не треба да се чешлате, затоа што се верува дека от тоа ќе добиете главоболка и косата побрзо ќе ви поседи.

Често може да слушнете како постарите домаќинки велат дека во петок не се мијат алишта, не се усисува, ниту се прават било какви други домашни работи. Некои велат дека не е добро ниту да се бањате и да ги сечете ноктите во петок зошто ќе привикате болести и беспарица.

Се верува дека сите работи треба да се завршат во петок, а нови никако не треба да се започнат на овој ден.

Уште една работа никако не треба да ја прави во петок, доколку сакате да имате пари!Се верува дека во петок никако не треба да се позајмуваат пари, а ниту да се враќаат долговите.

Во некои домаќинства важи правилото дека во петок ништо не треба да се дава од одма, а особено не прехранбени намирници од животинско потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top