-Професионалните перачи на пари, од кои ние имаме идентификувано 400 на највисоко ниво во Европа, тоа го прават со 99% успешност, и заработуваат милијарди евра – вели Роб Вејнрајт – шефот во заминување на Европол, а и поранешен разузнавачки аналитичар на MI5.
Тој вели дека Европа постигнала многу во борбата против тероризмот, но дека убедливо ја губи битката против организираниот криминал и перењето пари.
Вејнрајт, кој на крајот на мај ќе ја напушти функцијата, откако ја обавува скоро цела деценија, вели дека перењето пари е токму една од неговите најголеми фрустрации.
-Создадовме тони прописи, банките трошат 20 милијарди долари годишно на програми против перење пари, а само 1% од криминалните имоти успеваме да заплениме во Европа годишно
Според него, Европа ја губи битката против валканите пари бидејќи користи национални решенија за да се бори со интернационален проблем. Најголемата пречка е тоа што е воспоставен систем кој оневозможува слободен проток на информации.
Според последните податоци на Европол, кај меѓу 0.7% и 1.2% од вкупниот годишен БДП на Европската унија, е детектирана вмешаност во сомнителни финансиски активности. Во превод, во криминални финансиски текови се вмешани повеќе од 29 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.