| четврток, 6 декември 2018 |

Со инвестиција од 10 милиони евра ќе се реновира клиничката болница во Битола

kl-bolnica-bitola

Четврт проект од промоцијата на нови проекти во здравството кои денеска ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е најавата за комплетно внатрешно реновирање на објектот на Клиничка болница Битола– инвестиција вредна над 10 милиони евра.

– Ова е болница кон која гравитираат жители од поширокиот регион на Југозападна Македонија, и оттука е многу важно да инвестираме во унапредување на условите за третман и лекување на пациентите. Во оваа болница во 2015 година на годишно ниво се реализирани 315.000 амбулантски прегледи, а болнички се третирани над 15 илјади пациенти. Ова само објаснува дека конкретна корист ќе имаат голем број на граѓани од реконструкцијата која ќе ја превземеме. Реновирањето на битолската болница ќе опфати: во првата фаза – реновирање на стационарот и амбулантите, а во втората фаза реновирање на операционите сали и инфективното одделение. Ова е прва внатрешна комплетна реконструкција на болницата, која датира од 70-тите години на минатиот век. Почеток на реализација на прва фаза ќе е во трет квартал на 2018 година, а почетокот на втората фаза ќе е во трет квартал на 2020 година, рече Груевски на промоцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top