| четврток, 6 декември 2018 |

Почина работник во РЕК Битола додека ископувал руда

Работник почина додека извршувал работни задачи во РЕК Битола. Според првичните информации, несреќата се случила околу 16 часот кога вработениот М.Н. од за сега непознати причини паднал од багерот додека ископувал руда и починал.

Како можна причина за смртта се наведува срцев удар.

Полициски екипи и истражен судија се на местото на настанот каде што вршат увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top