Потребно е многу енергија и труд да се надомести децениското назадување кое е присутно во голем број области од општественото живеење. Можеби една од области каде таквото запоставување е највидливо и со најголеми последици е токму здравството, и затоа еден од нашите најсилни фокуси се инвестициите во оваа сфера, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска промовираше нови проекти во здравството.
-Во минатото многу малку се посветуваше внимание на карактеристичните болести кај луѓето и третманот на истите. Бројките говорат дека кардиоваскуларните болести се хронични болести кои се јавуваат како една од водечките причини за смрт кај луѓето во Македонија. Во најголем број случаи долго време остануваат недијагностицирани и во моментот кога ќе се појават првите манифестации, истите се јавуваат во вид на ургентни акутни коронарни состојби (во вид на срцев инфаркт) или мозочен удар. Ваквите манифестации настапуваат неочекувано брзо и во голем број случаи завршуваат со фатален исход пред воопшто да може да се примени каков било медицински третман. Медицинските лица, иако имаат знаење, немаат целосни ресурси да се борат против овие појави, а дополнителен важен фактор е тоа што во ова поле драматично брзо се менуваат работите и секоја година технологијата во превенцијата оди понапред. Ако не се вложува во врвна опрема, се испушта чекорот кој би значел следење на современите текови – посочи Груевски.
Со навремено откривање на потенцијалните фактори на ризик и со нивна благовремена промена, значително може да се спречи појавата на ваквите ургентни кардиоваскуларни манифестации, а со тоа и прераната смрт на населението. Токму од тие причини, по препорака на стручни лица, планираме воведување на еден повисок степен на систематски пристап кон благовремено откривање на пациентите со зголемен ризик од кардиоваскуларна болест кај кои навремено ќе се пристапи кон третирање на факторите на ризик кои доведуваат до различни кардиолошки заболувања – додаде Груевски.
-Во делот на здравството, денеска во првиот сегмент од ова мое обраќање сакам посебно да се осврнам на група проекти, сет мерки за унапредување на третманот на кардиоваскуларните заболувања, имајќи ја предвид зачестеноста на појава на овие заболувања во Македонија, но и во светски рамки – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во оваа област на здравствената заштита и изминатиот период вложивме многу, реализиравме крупни проекти и сериозно се доближивме до врвните европски и светски стандарди на третман на кардиоваскуларни заболувања. Потсетувам дека за првпат во Македонија отворивме Универзитетска клиника за државна кардиохирургија. Проект кој изминатите 40-50 години за докторите бил само сон. Воспоставивме и успешно функционира мрежа на центри за интервентна кардиологија, и тоа покрај клиниката за кардиологија и болницата во Охрид, се создадоа услови и за интервентна кардиологија во Битола, Штип, Тетово, Струмица и во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Продолжуваме со несмалено темпо да реализираме проекти и нови мерки во овој сегмент на здравствената заштита – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на нови проекти во здравството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски